25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМercedes ќе ги продава претставништвата

Мercedes ќе ги продава претставништвата

salon_mercedesa-195-d60085ca98a40343f443b0089d4a3ec7

„Mercedes“ преговара за продажба на свои четири претставништва во Германија, како дел од новиот план со кој овој производител сака да ги намали трошоците.

Според неименувани извори, покрај споменатите четири подоцна „Mercedes“ би можел да го препушти и сопствеништвото и над некои од претставништвата во Европа.

Околу половина од продажбата на автомобилите на „Mercedes“ на германскиот пазар тие го остваруваат преку нивната продажна мрежа која ја сочинуваат 98 претствништва, додека конкурентите како што се „Audi“ и „BMW“ повеќе се потпираат на самосталните трговци кои имаат лиценца да ги продаваат возилата на овие производители.

Извршниот директор на „Mercedes“, Дитер Зетце вети дека во различни потези ќе и заштеди на својата компанија 2 милијарди евра. Според неименуваниот извор дел од трошоците ќе бидат скратени токму со намалувањето на продажната мрежа на германскиот производител.

„Mercedes“ засега преговара за продажбата на две преставништва кои се наоѓаат во северниот дел на Германија, како и за уште две кои се наоѓаат во западниот дел на оваа земја. Овие продажни центри би ги превземале самостални трговци, а една од заинтересираните компании најверојатно е „Penske Automotive Group“ која неодамна купила некои од продажните салони на „BMW“ во Италија.

Доколку овој план донесе задоволувачки финансиски резултати истиот рецепт ќе биде применет и за другите претставништва на „Mercedes“ во Европа.

Од друга страна пак германскиот производител вели дека нема конечен план за реструктуирање на својата дилерска мрежа во земјата, но потврдуваат дека разгледуваат различни опции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП