25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEADS нуди две милијарди долари инвестиции во замена за работа

EADS нуди две милијарди долари инвестиции во замена за работа

eads1

Европскиот воздушен концерн „EADS“ најави две милијарди инвестиции, се со цел да го тргне американскиот конкурент „Boeing“ од трката за нарачката на 60 софистицирани борбени авиони за Јужна Кореја.

„EADS“ во вчерашното соопштение најави дека ќе го вложи тој износ во посебен јужнокорејски проект за развој на сопствени софистицирани борбени авиони, ако ја добие работата за производство на тие авиони вредна 8.300 милијарди вони (7,2 милјарди долари).

На тендерот се јавиле „Boeing“ со своите „F-15 Silent Eagle“, „Lockheed Martin F-35 Lightning 2“ и „EADS“ со „Eurofighter Typhoon“. Одлуката се очекува до крајот на идниот месец.

Досега, јужнокорејската војска, со оглед на блискиот воен сојуз, воглавно ги одбирала американските добавувачи на воена опрема, што е особено важно за авионите.

Во јануари, надежите на „EADS“ пораснале кога британско-тајландската компанија „AugustaWestland“ го победи на тендерот американскиот воен гигант „Sikorsky“ и обезбеди 567 милиони вредна нарачка за шест хеликоптери за јужнокорејската морнарица.

Понуденото вложување на „EADS“ би требало да биде насочено кон јужнокорејската програма „KF-X“ за развој на сопствен повеќенаменски борбен авион.

„Ако „Eurofighter“ и „KF-X“ бидат истовремено монтирани во Кореја, тоа ќе донесе економски ефекти вредни десетици илјади милијарди вони и ќе создаде 50.000 работни места во Кореја“, се наведува во соопштението на „EADS“.

„EADS“ веќе вети дека во случај да победи на тендерот ќе монтира 53 до 60 „Eurofighter“ во Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП