29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги предупредува за големата невработеност

Драги предупредува за големата невработеност

mario1

На некои од европските земји им се заканува ризик од социјалните последици поради невработеноста, особено помеѓу младите, вели претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

„Потребни се реформи за да се обезбеди меѓу-генерациска праведност и да се спречи феноменот инсајдери против аутсајдери, кој невработеноста кај младите го доведе до ниво кое се заканува на темелите на општеството“, оцени Марио Драги.

Според прогнозите на Заводот за статистика во Рим, невработеноста во Италија оваа година ќе се зголеми на 11,9 проценти, 1,2 проценти повеќе во однос на 2012 година, а во 2014 година таа ќе достигне 12,3 проценти.

Невработеноста меѓу младите во март оваа година се зголеми за 3,2 проценти на годишно ниво на 38,4 проценти, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП