Феноменот “последен ден” е многу интересен. Нема уште многу време! Дали ќе успеете или не, зависи до каде сте со остварувањето на целите.
Еве, на пример, нашиот проект е околу 90 % поддржан и секој од вас има две опции:
Опција 1: Ако до сега не сте нè поддржале, тогаш сега е време да направите што е во ваша моќ за да успее проектот. Едноставно е: кликнете на линков, изберете еден од предложените пакети и воулаааа…
Опција 2: Ако сте не поддржале, тогаш можете да ја споделите информацијата со вашите пријатели и соработници и да ги поттикнете да кликнат на горенаведениот линк.
Така и вие. Ако сте блиску до успехот (80-90 %), последните 24 часа е период кога треба да дадете максимум од себе и да побарате максимум од луѓето околу вас. Немојте да се жалите, туку фрлете се на работа:
- Бидете поактивни
- Бидете поуверливи
- Бидете порешителни
- Бидете поодлучни
- Бидете ПО… од се предходно што сте биле!
Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-export.com