19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСакате пребарувачот да ви работи побрзо, сторете го ова!

Сакате пребарувачот да ви работи побрзо, сторете го ова!

Popular_Web_Browsers_2012

Ако имате проблеми со работата на вашиот интернет пребарувач, најчестиот проблем е бавната работа.

Причината за тоа може да биде преполнетата кеш меморија. Во следниве неколку чекори ќе ви покажеме како да ја избришете меморијата на најлесен начин кај пребарувачите кои се најпопуларни кај корисниците.

„Mozilla Firefox“: принципот генерално е ист кај сите верзии на овој пребарувач. Ќе го отворите пребарувачот, кликнете на опцијата „Tools“ во мени барот и одберете „Options“. Во следниот чекор одберете ја ставката „Advanced“. Тука ќе имате четири подкатегории (General, Network, Update, Encryption). Одберете го „Network“. Ќе добиете нова опција, а тоа што ви треба е „Cached Web Content“. Десно од името на опцијата треба да кликнете „Clear Now“ ќе почекате неколку секунди и успешно сте ја избришале кеш меморијата.

„Google Chrome“: Во десниот горен агол имате копче со нацртан клуч или три хоризонтални линии, кликнете на нив и ќе го добиете менито во кое ќе го одберете „Tools“. Потоа ќе добиете ново мени во које треба да изберете „Clear Browsing Data“. Во последниот чекор требате да ја селектирате опцијата „Empty the cache“ и потоа кликнете „clear browsing data“. Рефреширајте ја страницата (ctrl+F5).

„Opera“: Во горниот лев агол кликнете на „Opera“. Од менито кое ќе ви се појави одберете „Settings“ потоа „Delete Private Data“. Во нов прозорец изберете „Detailed Options“, одберете ја опцијата „Delete entire cache“ и кликнете на „Delete“.

„Internet Explorer“: Изберете „tools“ па на следното мени кликнете на „internet options“. Ќе ви се отвори нов прозорец. Под ставката „Browsing history“ изберете ја опцијата „delete“ кликнете на „delete all“ во следниот прозорец и вашиот пребарувач ќе работи побрзо и подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП