29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft подготвува свој смартфон на преклопување?

Microsoft подготвува свој смартфон на преклопување?

Претходните месеци имавме многу информации и вести за претстојниот телефон на преклопување на „Samsung“, кој би требало да биде претставен во текот на наредната. Во моментов нема точни информации кога овој „Galaxy X“ модел би можел да пристигне, но сега се појавуваат информации дека „Microsoft“ подготвува сопствен „Windows“-подвижен телефон-табле хибрид, кој потсетува на моделот „Courier“, откажан пред неколку години.

Се појавија концептни фотограии кои прикажуваат како би можел овој уред на „Microsoft“ да изгледа. Не е познато дали и кога уредот ќе дебитира и дали ќе се нарекува „Surface Phone“, но со сигурност е дека моделот е од „Surface“ линијата на производи.

Од фотографијата се гледа дека „Microsoft“ игра со идеата уредот да има два дисплеи, а еден од екраните би можел да биде претворен во виртуелна тастатура. Системот со шарки овозможува држење на уредот во различни позиции.

Сепак од сликите не може да се заклучи колку ќе биде голем уредо или колкави рамки околу екрано ќе има. Исто така, фотографиите не ја откриваат ситуацијата дека станува збор за флексибилен уред, туку дека е модел кој се преклопува и кој се базира на шарки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП