25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2,5 милиони евра неповратна финансиска помош од Кина

2,5 милиони евра неповратна финансиска помош од Кина

Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и амбасадорот на Народна Република Кина, Јин Ликсиан потпишаа Договор за економска и техничка соработка за обезбедување на грант-помош со кој се обезбедуваат неповратни финансиски средства од Кинеската Влада за поддршка на проекти во земјава во износ од околу 2,5 милиони евра.

„Преку оваа соработка, не само што се поддржуваат развојните цели на нашата држава, туку се унапредува и севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, што е важен сегмент од развојот на нашите меѓусебни односи“, изјави Османи при потпишувањето на Договорот со амбасадорката на НР Кина, Јин Ликсиан.

Во изминатите години, проектната соработка со НР Кина беше насочена кон неколку приоритетни области: образование, здравство, мрежно поврзување, а најголем дел од финансираните проекти беа во образовниот сектор. Вицепремиерот Османи посочи дека согласно минатите договори, во тек на реализација се два проекти, и тоа: изградба на спортска сала при основното училиште Рајко Жинзифов, како и Проект за техничка поддршка во образованието, односно воведување на електронско – образование. „Комплетирањето на овие два проекти се очекува до средина на наредната година, за потоа, да може да започнеме со спроведување на нови проекти финансирани во рамки на Договорот што денес ќе го потпишеме“, изјави Османи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП