25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзува глобалниот економски раст, најбрзо од 2011

Забрзува глобалниот економски раст, најбрзо од 2011

Глобалниот економски раст е забрзан на околу три проценти, што е највисоката стапка на раст од 2011 година и значително повисока во однос на минатата година, соопштија Обединетите нации.

Во годишниот економски извештај и прогнозата на ОН е наведено дека напредокот е остварен главно поради забрзаниот развој на сите големи економии, а источна и јужна Азија и понатака е „најдинамичниот регион во таа смесла“.

„Кинеската економија сама сочинува околу една третина од овогодишниот глобален раст“, пишува во извештајот.

Во споредба со 2016 година, кога глобалниот економски раст изнесуваше 2,4 проценти, растот во 2017 година е забрзан во речиси две третини од земјите ширум светот.

Предупредуваат, сепак, дека економскиот раст „може да нанесе штета на животната средина“.

Во Извештајот „Светската економска ситуација и перспективите за 2018“ е наведено дека, кога станува збор за економскиот раст, владите на земјите сега треба да се фокусираат на долгорочните прашања меѓу кои е и борбата против климатските промени и се поголемата нееднаквост меѓу богатите и сиромашните.

ОН проценува дека глобалната економија континуирано ќе бележи раст од три проценти во 2018 и 2019 година. Во извештајот е укажано на унапредувањето на ситуаицјата во Аргентина, Бразил, Нигерија и Русија, бидејќи, како што е наведено, овие земји излегуваат од рецесија и тоа објаснува „една третина од стапката на глобалниот економски раст меѓу 2016 и 2017 година“.

ОН сепак истакнува дека економскиот напредок се уште не е рамномерен и дека „многу делови од светот треба да остварат здрава стапка на раст“.

Кога станува збор за САД, ОН проценува дека американската економија ќе има стапка на раст од 2,1 и во 2018 и во 2019 што е, како што е наведено, е значаен напредок во однос на 1,5 проценти од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП