25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје 143 возила кренати од пајак-службата за време на викендот

Во Скопје 143 возила кренати од пајак-службата за време на викендот

Во текот на изминатиот викенд пајак-службата во Скопје кренала 143 непрописно паркирани возила, информира МВР. Сообраќајната полиција, пак, викендов казнила 97 возачи кои го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, а 36 возачи се исклучени од сообраќајот поради возење под дејство на алкохол и возење без возачка дозвола.

Од МВР информираат дека поради нерегистрирани возила од сообраќај се исклучени 23 возила. По седум возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло и исто толку не дале првенство на минување. Поради нeправилно престројување се санкционирани 10 возачи.

Во однос на пешаците, преземени се мерки против двајца пешачи кои поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Викендов во Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 20 со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди додека 29 со лесни телесни повреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП