25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија донесе рекорден буџет за одбрана во 2018-та година

Јапонија донесе рекорден буџет за одбрана во 2018-та година

Јапонија има рекорден буџет за одбрана од 5,19 илјади милијарди јени (46 милијарди долари) за следната буџетска година, за да се зајакне противракетната заштита против заканите на севернокорејските ракети, пренесува „Франс прес“, повикувајќи се на јапонски „Никеи“.

Ова ќе биде шеста година по ред за зголемување на трошоците за одбраната во земјата.

Според публикацијата, голем дел од зголемувањето е наменето да ги покрие трошоците на американскиот систем за противракетна одбрана.

Минатата недела јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера изјави дека Земјата на изгрејсонцето предвидува да купи од САД и ракети со голем дострел. Оваа одлука е спорна, бидејќи јапонскиот пацифистички устав забранува употребата на сила за решавање на меѓународни спорови.

Севкупно, јапонскиот буџет за фискалната 2018-та година ќе изнесува 97,7 илјади милијарди јени (867 милијарди долари). Расходите во социјалната сфера, вклучувајќи ги и оние за здравствена заштита, се зголемуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП