19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle ја купува Aconex за 1,19 милијарди долари

Oracle ја купува Aconex за 1,19 милијарди долари

Австралискиот оператор за облачни услуги „Aconex“ доби понуда за купување од софтверскиот гигант „Oracle“ за 1,19 милијарди долари, објави „Ројтерс“. Понудата е за 7,8 австралиски долари во готово по акција, а по објавувањето на веста акциите на австралиската компанија забележаа раст.

Од „Aconex“ рекоа во изјавата дека нејзините директори едногласно препорачува нивните акционери да ја прифатат понудата. Акционерите на компанијата за управување со проекти базирани на облак услуги мора да гласаат за понудата на нивниот состанок во март следната година.

Австралиската компанија специјализирана во веб-базиран софтвер за управување со проекти што овозможува работа на проект од различни тимови. Оваа технологија се користи за глобални проекти, вклучувајќи го и проширувањето на Панамскиот канал.

„Понудата на „Oracle“ за 7,80 австралиски долари по акција претставува значајна премија и обезбедува висок степен на безбедност за акционерите благодарение на предлогот во кеш и ограничените услови за реализирање на договорот“, појаснува претседателот на „Aconex“, Адам Луис во соопштението.

Основачите на „Aconex“, Ли Џаспер и Роб Филпот кои држат малку над 5%, ги одбиле молбите за изјави.

Компанијата претрпе огромни флуктуации во цените на акциите, откако во 2014-та година оствари „IPO“ на цена од 1,90 австралиски долари за акција и достигна врвно ниво од малку над 8,50 долари во минатата година.

Цената на акциите се зголеми за 45% веднаш по продолжувањето на тргувањето во понеделникот, на само под 7.80 долари.

„Aconex“ која се фокусира над градежни проекти, соопшти дека ќе мора да и плаќаат на „Oracle“ околу 1% од вредноста на трансакцијата како надомест при евентуален нејзин неуспех при одредени услови, кои не ги појаснија.

„Oracle“ рече во соопштението дека договорот се очекува да се затвори во првата половина од 2018-та година.

Предложената трансакција е една од двете големи американско-австралиски технолошки шеми објавени во понеделникот, откако порано австралискиот оператор на центри за податоци „Metronode“ доби понуда од 1,04 милијарди долари од американската компанија „Equinix Inc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП