23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина има петгодишен план за употреба на чиста енергија за греење

Кина има петгодишен план за употреба на чиста енергија за греење

Обидите на кинеската влада да помине од јаглен на природен гас за греење пропаднаа, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на локалните медиуми. Но, Пекинг има нов план за користење на чистата енергија за греење во зима до 2021-ва година.

Поради постојните регулативи, натераа милиони домаќинства поради пониските цени да преминуваат на природниот гас. Тоа се чувствуваше главно од бизнисот и во најразвојно развиените региони во земјата.

Според информациите на „Ројтерс“ претпријатија се затворени или ја намалиле работата поради недостаток на гас и високите цени. Домовите и јавните згради не се соодветно згреани под услов температурите во овие провинции да се под нулата.

Затоа и сега владата планира да се сврти кон обновливи извори – биомаса, геотермална енергија, соларни панели, како и конвенционалниот гас и електричната енергија, за да се ослободи од јагленот како опција за греење на домовите.

Според плановите на кои нема повеќе детали, половина од северните провинции на земјата треба да се приклучат на чиста енергија, намалувајќи го јагленот со 74 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП