28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана македонската поезија и култура во Хонг Конг

Промовирана македонската поезија и култура во Хонг Конг

Во рамките на Саемот на книга на Каулун Сити во Хонг Конг, се одржа промоција на 37 број на поетското списанието “Глас и стих” со поезија од осум современи македонски поети во превод на кинески јазик.

Антологија ја претстави составувачот Марија Тодорова, која во соработка со Хајди Хуанг ги направи и преводите на кинески јазик. Зоран Попоски, автор на илустрацијата за корицата на антологијата, го претстави својот уметнички проект Теорија.

Претставниците од Македонија зборуваа за македонската култура и за своето искуство од животот во Хонг Конг.

Антологијата содржи четириесетина песни од современите македонски поети од помладата генерација: Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Николина Андова Шопова, Славица Гаџова Свидерска, Митко Гогов, Елена Пренџова и Ѓоко Здравески. Песните се објавени тријазично, на македонски, кинески и англиски јазик.

Приредувачот и преведувач на антологијата на современа македонска поезија на кинески јазик,  Марија Тодорова има преведено повеќе од дузина книги од познати светски автори, за кои во 2007 година ја има добиено наградата “Златно перо”. Има објавено две монографии на теми поврзани со литературата за деца, а нејзините трудови се објавени во врвни научни списанија.

Тодорова е член на Извршниот одбор на Меѓународното здружение за преведувачки и интеркултурни студии. Во моментов предава и истражува на Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг и е надворешен соработник на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП