29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУникатно осветлување на новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Уникатно осветлување на новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Единствена и уникатна можност имаа посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледа палењето на светилките од Новогодишната елка.

Шоуто започна со мјузикл изведен од групата Триангл, Џон Илија Апелгрин и Теа Трајковска, посетителите уживаа во празничната магија и атмосфера која се создава.

Елката која е единствена по својата убавина е висока 15 метри, накитена е со голем број на лампиони и светилки. Секоја посетител може да ја погледне на влезот  од страната на Карпош 3.
Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите.

Скопје Сити Мол нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани. Од минатиот викенд започна „Магична Сказна“ – програма која ќе трае до 9ти јануари и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави надополено со омилените Новогодишни попусти.

Уживајте во деновите кои следат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП