25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ –...

„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП) започна нова кампања под мотото: „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.

Како што посочуваат од РСБСП, кампањата е во пресрет на периодот на новогодишните и божикните празници кој е карактеристичен по големиот број веселби, изобилство на алкохол, забави до раните утрински часови, проследени со интензивен сообраќај, долги патувања и смрзнати коловози.

Кампањата ќе се реализира преку електронски медиуми, социјалните мрежи, билбордите и во локалите и објектите каде што младите ќе се забавуваат во пресрет на најлудата ноќ.

„Оваа кампања е креирана во духот на позитивното празнично расположение, а преку љубовта и припадноста што се отсликуваат во неа, целиме кон тоа, да ги потсетиме сите учесници во сообраќајот дека за новогодишните и божиќните празници најважно е да стигнеме здрави, живи и безбедни во своите домови и празниците да ги поминеме во кругот на семејството и пријателите. Идејата на РСБСП е новата 2018 година да ја започнеме со мисла, со надеж и со верба, дека овaа треба да биде најбезбедната година до сега“, велат од РСБСП.

Тиа апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не возат брзо и да не возат под дејство на алкохол.

„Новогодишните прослави највесело и најбезбедно ќе ги поминете доколку се одлучите на нив да заминете без својот автомобил. Нека 2018 година биде најбезбедна досега! – “Вози Одговорно!“, велат од РСБСП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП