25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе поддржува иновации во градовите со до 100 милиони евра

ЕУ ќе поддржува иновации во градовите со до 100 милиони евра

Градовите во Европа можат да аплицираат од вчера до април 2018-та година за европско финансирање за адаптација кон климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот, живеалиштата, работните места и вештини на работната сила на локално ниво, објави Европската комисија (ЕК).

Средствата се доделуваат од иницијативата „Иновативни активности во градовите“, која го отвора третиот прием. Индикативниот буџет на оваа постапка е 80-100 милиони евра, кои доаѓаат од Европскиот фонд за регионален развој (ЕФРР).

Претстои спроведување на серија семинари во земјите членки на Европската унија (ЕУ), за да се помогне на учесниците во подготовката на проектите.

Оваа постапка се фокусира на активностите против климатските промени во градовите, прецизира еврокомесарот за регионален развој Корина Крецу.

Иницијативата „Иновативни активности во градовите“ е основана од Европската унија со цел да се тестираат нестандардни и сеуште недокажани ефективни решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат современите градови.

Околу 359 милиони лица, или приближно 72% од населението на ЕУ живее во големи и мали градови и приградски области. Овие области на метрополите се соочуваат со различни предизвици поврзани со вработувањето, миграцијата, демографијата, водоснабдувањето и загадувањето.

Шемата се спроведува во градови и урбани агломерации со население од најмалку 50.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП