20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW создава траса за автономни возила во Чешка

BMW создава траса за автономни возила во Чешка

„BMW“ планира да инвестира над 100 милиони евра на тест пат за автономни автомобили и електрични возила, кој ќе биде изграден во Чешка. Се предвидува проектот да создаде неколку стотици работни места во земјата каде што трошоците за работна сила се многу пониски отколку во Германија.

Компанијата официјално потврди дека имплементацијата на проектот ќе започне на почетокот на следната деценија. Во моментов германската компанија располага со такви полигони во Минхен, Франција и Шведска, но нивниот капацитет не е доволен за да одговори на барањата за тестови на автономните технологии, на кои работат експертите на „BMW“.

„BMW Group“, под чија капа се уште „Rolls-Royce“ и „Mini“, планира да го лансира во 2021-ва година моделот „iNext“ кој ќе се одликува со високо ниво на автономија. Освен тоа, компанијата работи заедно со „Intel“, „Mobileye“, „Delphi“, „Continental“ и „FCA“ за развојот на автономните технологии кај автомобилите и создавањето на предуслови за развој на пазарот за такви возила.

До 2025-та година, „BMW“ планира да понуди 25 модели на батерии, односно хибриди и електрични возила, а половина од овие автомобили се очекува да бидат целосно електрични.

Трасата во Чешка ќе биде изградена на површина од 500 хектари, во близина на градот Соколов, кој не е далеку од границата со Германија. Ова место беше избрано во конкуренција со уште 82 локации, објаснија од „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП