25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина останува водечки светски инвеститор во американскиот долг

Кина останува водечки светски инвеститор во американскиот долг

Кинеските инвестиции во американските должнички инструменти се зголемија за 8,4 милијарди долари на 1,19 илјади милијарди долари во октомври, според податоците на американското Министерство за финансии, цитирано од „Bloomberg“.

Така, Кина и понатаму останува со најголемото странско учество во американските државни хартии од вредност. Втора е Јапонија со вложување во долгот на САД од 1,09 илјади милијарди долари, што се зголеми за 2,1 милијарди долари од септември.

Двете земји извршија повеќе од една третина од странските инвестиции во американски обврзници.

Девизните резерви на Кина се зголемија десеттиот месец по ред на 3,12 илјади милијарди долари во ноември, покажуваат одделни податоци. Одливот на капитал се смирува по построгата контрола на странските инвестиции. Ова, за возврат, го поддржува стабилизирањето на валутата.

Јуанот спечали околу 5 отсто во однос на зелените пари во оваа година, опоравувајќи се од тешките загуби во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП