23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung претстави три нови лаптопи со досега најдобри батерии (видео)

Samsung претстави три нови лаптопи со досега најдобри батерии (видео)

Компанијата „Samsung“ одлучи да не го чека „Consumer Electronics Show“ во јануари и неодамна претстави три нови лаптопи со подобри батерии.

Првиот е „Samsung Notebook 9 Pen“, кој воедно е и најинтересен. Станува збор за 13.3-инчен „2in1 notebook“ кој има интегриран „S Pen“, исто како и „Notebook 9 Pro“ претставен во мај.

„Samsung“ го подобри „Notebook 9 Pen“, кој сега ја има осмата генерација на процесорот „Intel Core i7“, 16 GB RAM, 512 GB SSD меморија и екрано со резолуција од 1.920×1.080 пиксели.

Исто како и „Yoga“ таблетот на „Lenovo“, „Samsung Notebook 9 Pen“ ќе може да се прилагодува на различни начини, со цел да се користи како таблет, за да се постави така и да биде погоден за цртање.

„Samsung“ додаде и „HDMI“ порт, еден „USB-C“ порт и стандарден „USB“ порт. Тука е и „microSD“ слотот, како и „Windows Hello“ камерата за логирање во „Windows 10“ за препознавње на лицето на корисникот.

Компанијата ги освежи и своите стандарни „Notebook 9“ модели со 13.3-инчни и 15-инчни екрани. Двата доаѓаат со осум јадрени „Core i7“ процесори, дo 16 GB RAM и до 1 TB SSD меморија. Моделот со 15-инчен екран ќе има изборна „Nvidia MX150“ графичка картичка, но и двата екрани имаат резолуција од 1.920×1.080 пиксели.

„Samsung“ двата модели ги опреми со два „USB 3.0“ порта, „HDMI“ порт, „microSD“ слот и „USB-C“ порт. Моделот од 15-инчни ќе поддржува „Thunderbolt 3“, a тука е и дополнителниот „USB 2.0“ порт на поголемиот модел.

Уредите ќе се напојувааат со „најголемите и најмоќни“ батери кои досега биле вградени во лаптоп. Станува збор за 75W „Hexacell“ батерија која поддржува брзо полнење.

Лаптопите ќе бидат изложени на „CES“ во јануари, по што ќе започне и продажбата, но засега не се познати цените на овие три уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП