24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВолшебна вила на обалата на езерото Женева (фото)

Волшебна вила на обалата на езерото Женева (фото)

Thonon Les Bains е прекрасен мал град на обалата на езерото Женева (Женевското езеро), во бајковитиот Оверња Рона алпски регион во јужниот дел на Франција…

Тоа секако не е единствено од оние места за кои секојдневно слушате на телевизија или на социјалните мрежи, но е дефинитивно совршено опкружување за живот и идилично будење. Вилата за која овој пат пишуваме, ве повикува да го искористите максимумот од сето она што овој дел од светот го нуди.

Оваа супериорна вила ќе ве чини околу 11,6 милиони евра, што делува како вистинска ситница во споредба со оние кои го ценат мирот, тишината и ексклузивноста која доаѓа со вака величествен дом. Ве советуваме во нашата галерија да уживате со кроасан и шолја кафе, за да искусите барем едно делче од убавината.

Вилата потекнува од деветнаесетиот век, а е опкружена со прекрасна градина и со векови стар дворец, додека ни ветува околу 700 квадратни метри луксузен животен простор на три нивоа. Поседува шеснаесет соби, вклучувајќи и соба за прием со високи плафони, десет спални соби и седум бањи, тука се и прекрасната веранда, неколку тераси и балкони со врвен поглед и пергола со патека долга 14 метри.

Дали вие можете да го почувствате свежиот воздух како ви ги полни белите дробови додека уживате во прекрасниот поглед?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП