20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои ќе бидат најмоќните градови во светот до 2035-та година?

Кои ќе бидат најмоќните градови во светот до 2035-та година?

Шангај ќе го надмине Париз во Топ 5 на глобалните градски економии до 2035-та година, што покажува дека рамнотежата во светската економија се поместува кон исток, покажува истражувањето на „Oxford Economics“, цитирано од „Bloomberg“.

Градовите во Топ 780, кои веќе се одговорни за речиси 60% од глобалната активност, ќе се зголемат за речиси половина милијарда луѓе, а нивното производство ќе достигне речиси 32 илјади милијарди долари во следните неколку децении, вели Марк Бритон, економист од „Oxford Economics“.

Извонредните бројки сокриваат значителни разлики меѓу анкетираните градови, додава Бритон. Меѓу најголемите победници се брзо растечките градови во Азија со три кинески градови во првите десет – Пекинг, Гуанџоу и Тијанџин.

„Градскиот центар во светот ќе продолжи да се дислоцира на исток, особено со оглед на веројатноста растот во градовите на Запад да биде ограничен од стареењето, а во некои случаи и намалувањето на населението“, пишува Бритон.

Промената во рамнотежата на моќта доаѓа од прогнозата дека вкупното производство на азиските градови ќе го надмине тоа на урбаните центри во Европа и Северна Америка за околу десет години, вели Бритон. Пред десет години, западните градови имале двапати повисок БДП, од оние во Азија.

Азиските градови кои не се наоѓаат во Кина, исто така ќе постигнат импресивен раст, како Мумбаи и Куала Лумпур кои ќе додадат 4,7 илјади милијарди долари кон својот БДП до 2035-та година.

Но силата на кинеските градови ќе се зголеми за околу 14 илјади милијарди долари во истиот период, а 15 градови во земјата ќе се приклучат на Топ 100, меѓу веќе присутните 18 града во рангирањето.

Пресметките се базираат на постојаните цени во 2015-та година и девизните курсеви.

Два града во Латинска Америка – Сантијаго и Рио де Жанеиро, ќе излезат од Топ 100, а додека Блискиот Исток постигнува постепено подобрување, градовите таму можат да добијат поттик ако плановите за развој, како оној на Саудиска Арабија, се применат.

Ќе има брза урбанизација кај африканските земји, но ќе биде потребно време тоа да доведе до големи економски добивки, смета Бритон.

„Брзото зголемување на населението во брзоразвиените градови бара значително управување, за да се осигура дека инфраструктурата може да прифати дополнителни луѓе. Ова вклучува обезбедување на соодветни домови, поддршка на услугите и транспортната мрежа и во исто време развивање и одржување на градот како активно место за живот и работа“, забележува Бритон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП