19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е PutinCoin и колку вреди? (видео)

Што е PutinCoin и колку вреди? (видео)

Необичната валута, наречена по рускиот претседател Владимир Путин, „PutinCoin“, штотуку стана една од најдобрите светски дигитални валути.

„PutinCoin“ порасна за 126 проценти на берзата и чини 0,04 евра. Валутата има пазарна вредност од околу 7 милиони долари.

„PutinCoin“ е направен за да се одаде чест на луѓето и на претседателот на една од најголемите земји во светот – Русија. Благодарение на PutinCoin, ќе бидат отворени многу можности за претпријатијата, трговците, приватните лица и социјалните проекти“, пишува на сајтот на творецот на оваа криптовалута.

Популарноста на Владимир Путин во Русија веќе долго ја користат ПР и маркетинг експертите без негова согласност. На пример, во Русија постои водка со име Путинка. Неколку руски текстилни компании исто така го користат неговото име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП