25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес на протест скопјани ќе бараат чист воздух

Денес на протест скопјани ќе бараат чист воздух

Жителите на главниот град ќе организираат протест поради високото ниво на загаденост на воздухот, а тој е најавен за денес (сабота, 16 декември) во 12 часот пред Владата на РМ.

Протестот, кој е најавен и со настан на социјалната мрежа „Фејсбук“, ќе се организира под мотото „Станете за чист воздух“, при што е наведено дека иницијативата не потекнува од ниту една политичка партија, туку од граѓани што се загрижени за своето здравје.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“ група родители од Скопје предупредија дека од 20 декември нема да ги носат децата на училиште. Целта е им е да го привлечат вниманието на надлежните за да го решат проблемот со енормното загадување во главниот град. Попладнево родителитете за оваа најавена постапка добија поддршка и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, од каде што побараа децата итно да се пуштат на распуст, а помалите да не одат во градинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП