19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУчество на 131. седница на Советот за царинска соработка

Учество на 131. седница на Советот за царинска соработка

Делегација на Царинската управа предводена од директорот Ѓоко Танасоски учествуваше во активностите на 131. седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на 14 и 15 декември во Брисел, Белгија.

На седницата беа предложени и договорени и областите на соработка и заедничко дејствување кои ќе бидат предмет на расправа на седниците на Советот кои ќе се одржат во 2018 година, а се дискутираше и за напредокот во повеќе области, меѓу кои, нетарифните бариери, е-трговијата, контрола на границите, поддршка на економската конкуретност, градење капацитети, спроведување на законите, SAFE Рамката на стандарди, олеснување на трговијата, сузбивање незаконски оптек на финансиски средства и други прашања поврзани со царинското работење.

На маргините на седницата на Советот, директорот на Царинската управа оствари средба со генералниот секретар на СЦО, Кунио Микурија, и неколку поединечни средби со директори на царински служби од Европa, со цел размена на мислења за актуелните предизвици во регионот и договарање билатерални активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП