24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom ќе го купи холандскиот бизнис на Tele2

Deutsche Telekom ќе го купи холандскиот бизнис на Tele2

„Deutsche Telekom“ постигна договор со „Tele2 AB“, според кој „T-Mobile“ Холандија ќе се здобие со холандскиот бизнис на „Tele2“ за 190 милиони евра во готово и удел од 25% во комбинираната компанија, соопшти „MarketWatch“.

Аквизицијата на „Tele2“ Холандија е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да заврши во втората половина на 2018-та година.

Проширената компанија ќе продолжи да работи како „T-Mobile“ Холандија, велат од „Deutsche Telekom“, и ќе го користи брендот „Tele2“ на пазарот. „Deutsche Telekom“ ќе поседува 75% од акциите во продолженото друштво и побарувања од заемот за 1,1 милијарди долари, кои се должат на клиентите на „Tele 2“ Холандија.

„Deutsche Telekom“ рече дека новата компанија ќе создаде поефикасна конкуренција со „KPN Mobile“ и „VodafoneZiggo“ во Холандија. „Оваа комбинација значи праведноста кон клиентите“, изјави извршниот директор на „T-Mobile“, Соран Абилгард.

Договорот се очекува да генерира околу 150 милиони евра годишно во рок од три години од финализирањето.

„Ова е фантастична можност за забрзување на развојот на холандскиот телекомуникациски пазар“, рече извршниот директор на „Tele2 AB“, Алисон Керкби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП