29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРецитал на виолинистот Олег Кондратенко во Македонската филхармонија

Рецитал на виолинистот Олег Кондратенко во Македонската филхармонија

Во понеделник, 18 декември, во Камерната сала на Македонската филхармонија рецитал ќе одржи македонскиот врвен виолинист Олег Кондратенко. Кондратенко овој пат ќе настапи заедно со истакнатата пијанистка Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало.

На програмата се дела од Георг Фридрих Хендл (Соната за виолина и чембало во D-dur), Јоханес Брамс (Соната за виолина и пијано бр. 2), Оливие Месијан (Тема и варијации за виолина и пијано) и Рихард Штраус (Соната за виолина и пијано Es-dur).

Кондратенко дипломира на ФМУ со оценка 10 кум лауде, во класата на проф. Зоран Димитровски, за потоа да замине на Високата школа во Келн каде што завршува постдипломски студии во класата на проф. П. Матцка и највисокиот солистички степен „Концертегзамен“ во класата на професорката М. Мартин, а камерна музика работи со Квартетот „Албан Берг“ и Александар Лонгви. Концертира во Русија, Холандија, Германија, Данска, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, Полска. На фестивалите „Охридско“ и „Скопско лето“, а одржува и повеќе настапи со Македонската филхармонија.

Моментно, Кондратенко е редовен професор на ФМУ во Скопје, а во периодот од 2010 до 2014 беше професор и на ФМУ „Гоце Делчев“ во Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП