19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ16% од компаниите во ЕУ продаваат преку веб-канали

16% од компаниите во ЕУ продаваат преку веб-канали

16% од фирмите кои се наоѓаат во Европската унија, користеле сајт или мобилна апликација за да добиваат  нарачки од своите клиенти.

Ова го покажуваат податоците на „Еуростат“ за 2016-та година, а статистиката ги опфаќа сите претпријатија со не помалку од 10 вработени.

Уделот на компаниите во ЕУ кои спроведуваат продажба преку интернет скокна од 12% во 2010-та година, до околу 16% во 2014-та година, како од тогаш до сега овој процент останува стабилен.

Од компаниите со веб продажба во 2016-та година речиси сите (97%) ги исполнуваат нарачките за домашниот пазар, додека помалку од половина (44%) продаваат стоки и услуги на државјаните на други земји-членки на ЕУ. Малку над ¼ (28%) од фирмите користат онлајн канали тргуваат на пазари, различни од ЕУ.

Меѓу земјите каде веб каналите за продажба се користат од околу ¼ од компаниите спаѓаат Ирска (26%), Шведска (25%) и Данска (24%), а по нив следуваат Холандија (22%) и Белгија (21% ).

Земјите кои имаат најмал удел од фирмите со над 10 вработени користат веб канали за својот бизнис, спаѓаат Романија (7%), Бугарија (9%) и Полска (9%), следени од Италија (10%) и Латвија (10%).

Највисок удел од компаниите кои користат веб канали кои продаваат и на граѓани од други земји-членки на ЕУ, има во Кипар (71%), Австрија (69%), Луксембург (61%), Литванија (57%), Италија (55%) и Грција (55%).

Од другата страна се компаниите во Финска (24%), Данска (30%), Шведска (33%) и Романија (28%).

Во однос на продажбата преку веб канали на граѓаните на земји надвор од ЕУ, повторно Кипар издвои цели 62% од компаниите кои користат интернет, ја реализираат стоката на пазарите на трети земји.

По нив следуваат Малта (44%), Ирска (41%), Португалија (40%) и Грција (39%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП