18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple го објави својот досега најскап компјутер (фото+видео)

Apple го објави својот досега најскап компјутер (фото+видео)

„Apple“ го претстави својот најскап компјутер: „iMac Pro“. Новиот десктоп компјутер, кој беше претставен за прв пат на Конференцијата на програмерите во јуни, вчера се појави во продавниците во целиот свет.

Компанијата го дефинира производот како најбрз и најмоќен „Mac“ досега. Почетната цена е 4.999 долари, што го прави компјутерот најскапиот од линијата на „Apple“. Најбрзата конфигурација со сите достапни надградби чини над 13.000 долари.

27-инчниот мат сив компјутер е опремен со 8-јадрен, 10-јадрен или 18-јадрен процесор „Xeon“ и има до 22 терафлопа графичка моќ. За разлика од „Mac Pro“, цилиндричниот десктоп компјутер на „Apple“ за професионалци (цена од 2.999 долари), кој се нуди без дисплеј, „iMac Pro“ е систем „сè-во-едно“ со 5K дисплеј, пишува „CNN“.

Новиот компјутер е дел од напорите на „Apple“ за да ги смири корисниците со креативни работни места кои треба да чекаат долго помеѓу надградбите на „Mac Pro“. Новиот компјутер е доволно моќен за 3D-анимации во реално време, создавање на видео и содржина на виртуелната реалност.

„Mac Pro“ не е ажуриран од 2013-та година, а следната верзија ќе се појави во 2018-та година. „iMac Pro“ е привремено решение на „Apple“.

„Apple iMac Pro“ не е за секого, туку е моќна опција за програмери, дизајнери и други професионалци кои можат да си го дозволат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП