16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку нешта кои ви создаваат стрес при барањето на работа

Неколку нешта кои ви создаваат стрес при барањето на работа

Ако барате работа, голема е веројатноста дека сте под стрес. Тоа е сосема нормалнo. Она што не е толку нормално е да се вознемирувате за работи кои не можат претерано да влијаат на исходот.

Доколку се пронаоѓате во овој опис, би требало да ги преиспитате сопствените приоритети, ако за ништо друго, тогаш поради фактот тоа време кое го поминувате анализирајќи и нервирајќи се, паметно да го искористите.

Разубавување на CV-то

Добро напишаното CV е важен фактор во процесот на барање на работа, но тоа е се – важен фактор. Останати важни ставки се вмрежување, запознавање на нови луѓе, истражување на потенцијални работодавци. Добро искористете го своето време.

Претерано објаснување

Во денешниот свет, патиштата на кариерата се се, само не линеарни. Што значи дека се повеќе луѓе трошат скапоцено времe на објаснување како дошле до тоа да се пријават за oдредена работа. Тоа, нормално е важно, и сигурно за тоа ќе расправате на интервјуто за работа, но, дотогаш, нема потреба од претерано објаснување. Подобро фокусирајте се на оставање на добар впечаток, нагласување на вештините и знаењето за наведеното искуство кое е релевантно за пријавувањето.

Како да му се обратите на работодавецот

Сте дошле на интервјуто и не сакате да направите ниту најмала грешка. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да потрошите часови и часови на опсесивно размислување за ситници. На пример, како да му се обратите на работодавецот. Подобро концентрирајте се на испраќањето на писмо за заблагодарување.

Колку често да одржувате комуникација?

Постапката е готова и сега можете само да чекате. Нормално дека сте под стрес, но не испраќајте меилови на секои три часа. Ако работодавецот кажал дека одлуката ќе биде донесена за една недела, немојте постојано да прашувате дали донеле одлука, туку, почекајте една недела и потоа воспоставете комуникација. Се што е повеќе или почесто од тоа можно е да биде сватено како досадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП