18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлирика ја презема дејноста од белградскиот WISE брокер

Илирика ја презема дејноста од белградскиот WISE брокер

ИЛИРИКА Инвестментс АД Белград склучи договор за откуп на дејноста на една од најголемите српски брокерски куќи, WISE брокер АД Белград. Покрај дејностите, ИЛИРИКА ќе ги преземе и сите вработени во оваа компанија.

WISE брокер АД Белград е една од најстарите и најголемите берзански компании во Србија. Основана е во 2000 година и се смета за понудувач на одлични услуги на пазарот на капитал во Србија. Во 2016 година, по вкупниот промет со акции на Белградската берза беше рангирана на четвртото место. По превземањето, клиентите на WISE брокер АД Белград и нивните вработени ќе работат под покровителство на ИЛИРИКА Инвестментс АД Белград.

„Станува збор за значително проширување на нашата дејност во регионот“ објаснува Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика ДД Љубљана. „Синергиите што ги создаваме со значителното присуство во Србија не се занемарливи и претставуваат дополнителен квалитет, како за нашите клиенти во Словенија, така и за нашите нови српски деловни партнери.“

Илирика ДД е на пазарот од 1995 година и е најстарата берзанска куќа во Словенија. Таа има доверба од 20.000 клиенти. Во неа се вработени вкупно 50 финансиски експерти и преку локалните филијали е присутна на хрватскиот, српскиот и македонскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП