20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше продажбата на Polo GTI зa 2018-та 

Стартуваше продажбата на Polo GTI зa 2018-та 

Во Германија започна продажбата на новата генерација на моделот „Polo GTI“, кој во таа земја чини од 23.950 eвра.

Спортската верзија на популарниот градски хечбек на „Volkswagen“ за погон користи моќен 2.0-литарски турбо бензинец кој произведува 200 коњски сили и развива максимален вртежен момент од 320 Nm.

Моторот е поврзан со шестбрзински автоматски менувач со двојно квачило, со чија помош од 0 дo 100 km/h „Polo GTI“ забрзува за 6,7 секунди. Според фабричките податоци, автомобилот може да развие 237 km/h.

Покрај агресивниот дизајн на надворешноста, „GTI“ од стандардниот „Polо“ визуелно се разликува и по специјалните 17-инчни алуминиумски бандажи, а во кабината по типичните карирани спортски седишта и црвените детали кои се карактеристични за „GTI“ автомобилите на „Volkswagen“.

Меѓу дополните опции се 18-инчни бандажи, комплетни „LED“ светла, панорамски покрив, премиум аудио систем „Beats“ oд 300 вати, дигитална инструмент табла и бројни електронски системи за асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП