20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеѓународен одбојкарски турнир „Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”

Меѓународен одбојкарски турнир „Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”

Одбојкарска федерација и семејството Хаџи-Иљоски, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, 41. пат ќе го организираат турнирот во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски-Чајка”, турнир со најголема одбојкарска традиција во Македонија.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој ја истакна потребата од континуирано одржување манифестации со долгогодишни традиции.

„Овој турнир е празник за одбојката во Македонија и градот Тетово. Традицијата на одржување на овој меѓународен настан на одбојката трае од 1975 година и е една од најстарите манифестации во Македонија“, истакна Каевски.

Претседателот на организациониот одбор на турнирот, Ивица Хаџи-Иљоски, се зблагодари за поддршката на Агенцијата за млади и спорт, како и за медиумската покриеност на настанот поканувајќи ги сите вљубеници на одбојката да бидат дел од овој одбојкарски спектакл во Тетово.

„Политиката на турнирот е во секоја година да промовираме посебни групи, како младински или женска тимови, репрезентации, а оваа година акцент ставаме на машката сениорска одбојка. Од таа причина, покрај ОК Вардар, Универзитетскиот тим Тетово, ОК Лешок, наши гости ќе бидат и ОК Партизан од Белград“, истакна Хаџи-Иљоски.

Натпреварите ќе се играат во салата „Млади“ во Тетово на 16 и 17 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП