29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБожикно изненадување од македонската поп естрада(фото+видео)

Божикно изненадување од македонската поп естрада(фото+видео)

Најпопуларните пејачи од македонската поп естрада, деновиве, обединети во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, решија во пресрет на Бадник и Божик да не’ изненадат со освежена верзија на една од најпознатите божикни песна во православниот свет – „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот Манастир кој има за цел да внесе вистинска празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „БАДНИКОВИ ПОВОРКИ“ е засилена и од Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и Златните славејчиња кои на 6-ти Јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Аранжманот за песната е дело на Владимир Димовски, а видео спотот за истата, е веќе во подготовка..

Ова значајно музичко дело, најмногу ќе им  помогне на децата – коледарчиња, со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото Раѓање. Затоа пејачите порачуваат:

„Дечиња, сите да ја научиме песничката Вечниот Бог и на празникот Бадник да земеме масовно учество во Бадниковите поворки. Сите заедно, цела Македонија!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП