25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple инвестира 390 милиони долари во зголемување на производството на чипови

Apple инвестира 390 милиони долари во зголемување на производството на чипови

Американскиот технолошки гигант „Apple“ ќе и даде на „Finisar Corp.“ 390 милиони долари, за да го зголеми производството на чипови кои ги поддржуваат „high-end“ карактеристики на „iPhone X“, како препознавање на лицето, портрет слики и „Animoji“, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на калифорниската компанија „Finisar“ која произведува оптички компоненти ја зголемија својата вредност за 14 проценти до 22 долари пред стартот на берзанската трговија во средата.

Ова е втора инвестиција на Apple од 1 милијарда долари за напредно производство, чија цел е да промовира иновации и создавање работни места. Првата инвестиција беше 200 милиони долари во производителот на „Gorilla Glass“ – „Corning“ во мај оваа година.

„Finisar“ ќе ги искористи парите за да ја трансформира затворената фабрика во Шерман, Тексас, за да прави големи количини на ласерски диоди, наречени „VCSEL“.

Во четвртиот квартал од 2017-та година, „Apple“ соопшти дека ќе купи 10 пати повеќе такви уреди отколку што претходно ги направиле во целиот свет во истиот временски период.

Фабриката Шерман се очекува да почне со испорака во втората половина на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП