29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Sport започнува со производство на електрични автомобили во 2020-та

Audi Sport започнува со производство на електрични автомобили во 2020-та

Од 2020-та година германската компанија „Audi“ и нејзината поделба „Audi Sport“ ќе започнат со производство на целосно нова палета спортски автомобили опремени со електрични мотори. Ова го откри пред „Autocar“ шефот на „Audi Sport“ – Стефан Винкелман.

Како што истакна топ-менаџерот, првиот „надуен“ електричен модел ќе се појави на пазарот на крајот на 2020-та година. Тој ќе биде проследен со уште неколку спортски автомобили на струја, а од компанијата ќе вложуваат претежно на кросовери.

Сепак, во „Audi Sport“ немаат намера да се откажат од развој на модели со традиционални мотори со внатрешно согорување. За таа цел, во периодот 2018-2020 година компанијата планираат да предложи неколку вакви возила, а сите тие ќе бидат опремени со турбомотор.

„Ние не ги заборавивме нашите икони и ќе продолжиме да ги произведуваме. Одлично разбираме дека електричните технологии за многу важни, но истовремено со нив ќе продолжиме да ги развиваме и турбомоторите со кои се гордееме многу“, објасни Винкелман.

Првиот сериски електричен автомобил на „Audi“ ќе дебитира следната година, кој најверојатно ќе биде кросовер. Тој ќе се произведува во белгиската фабрика на компанијата. Моделот се предвидува да патува околу 500 км со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП