19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкот на машиновозачите прекинат, нормализиран железничкиот сообраќај

Штрајкот на машиновозачите прекинат, нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако на вработените им бил исплатен и вториот дел од октомвриската плата.

Со ова штрајкот на машиновозачите е во прекин и сите патнички и товарни возови ќе сообраќајат согласно редовниот возен ред, а првите возови ќе тргнат по 16 часот.

Вработените два дена штрајува и бараа да им биде исплатен вториот дел од платата за октомври, како и навремено и целосно исплаќање на платите во иднина. Тие најавија дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП