23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупната вредност на криптовалутите изнесува над 500 милијарди долари

Вкупната вредност на криптовалутите изнесува над 500 милијарди долари

За првпат во историјата, вкупната пазарна капитализација на сите дигитални валути надмина 500 милијарди долари. Етерот и лајткоинот поскапеа до нови рекордни вредности, па вкупната пазарна оценка на сите криптовалути достигна 506 милијарди долари, според податоци на „Coinmarketcap“, цитирани од „CNBC“.

Пазарот на криптовалути ужива невиден интерес од страна на инвеститорите на крајот на годината и веќе има повисока пазарна оценка од компанијата „Berkshire Hathaway“ на милијардерот Ворен Бафет, која во моментов се проценува на околу 491 милијарди долари.

Излегува дека инвеститорите ги оцениле криптовалутите повисоко дури од две од најголемите американски банки „Citigroup“ и „Wells Fargo“, земени заедно, чија пазарна вредност во моментов е соодветно 201 милијарди долари и 297 милијарди долари.

„Влегуваме во неограничена територија со огромни ризици, како регулаторни, така и технолошки“, коментира Чарлс Хајтер, извршниот директор на сајтот „Crypto Campare“, цитиран од „CNBC“. Според него, постојат очигледни сличности меѓу криптовалутите и интернет балонот, бидејќи сме сведоци на многу страв и алчност.

Оваа недела, етереум, втората во свет по големина криптовалута, за првпат достигна цена од 500 долари. Ова се случи откако швајцарскиот банкарски гигант „УБС“ објави дека ќе лансира платформа врз основа на технологијата Етериум.

На крајот од минатата недела, биткоинот доби признание на „Вол Стрит“, откако првите фјучерси беа тргувани на најголемата криптовалута. Поддржувачите на биткоинот се надеваат дека на овој начин ќе се поттикне пошироката употреба на валутата и решавање на проблемите поврзани со нејзината легитимност, иако критичарите предупредуваат за ризиците да се покаже како „меур“, како и за колапс на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП