16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најдобрите угостителски објекти и кафулиња во Скопје за 2017 година

Прогласени најдобрите угостителски објекти и кафулиња во Скопје за 2017 година

Град Скопје традиционално во соработка со Агенцијата „Свот“ ДООЕЛ-Скопје избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ и најдобро кафуле во град Скопје. Проектот се спроведува по десетти пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе-барови на подрачјето на град Скопје.

Плакетите на најдобрите денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Овие проекти произлегуваат од Програмата за финансирање проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година. Наша цел е преку овие настани да ја потенцираме важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да го подигнеме општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти во градот – истакна Шилегов.

Според оценките, најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе-барови во градот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна што ја креираат денеска добија признанија за својот квалитет и престиж.

Годинава за најдобри три ресторани се избрани: 1.„Оливе“, 2.„Лајт џез клуб“ и 3.„Македонска куќа“, најдобри три гостилници се: 1. „Сношти минав“, 2. „Кафана“ и на третото место се пласираше „Скара бар“, а најдобри во категоријата кафе-барови се: 1.„ Рок бар Круг“, 2. „ Мистер Џек“ и 3. „Спикизи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП