29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака ќе изгледаат смартфоните на иднината и не сите се среќни

Вака ќе изгледаат смартфоните на иднината и не сите се среќни

Предното куќиште на мобилниот телефон се наоѓа помеѓу рамката на телефонот и екранот. Многу телефони досега имаа само „предни маски“ во бела или црна боја, но се чини дека овој дизајн полека, но сигурно ќе биде отфрлен.

Најдобар пример се „iPhone X“ и „Samsung S8“ чиј преден дел во целост е прекриен со екран. Интересно е дека „iPhone X“ е помал од „iPhone 8 Plus“, a има поголем екран затоа што не постои предно куќиште.

Новинарот на „Verge“ Дитер Бон го зема моделот „Essential Phone“ за пример и дека по него ќе му биде чудно да користи телефони кои имаат предно куќиште. Колку и да им се допаѓа на многумина овој напреден момент, технолошките дизајнери и ентузијасти цврсто го бранат ставот дека телефонот мора да има предна маска, односно куќиште. Главен аргумент им е практичноста, како и тоа дека со рамките околу телефонот, уредот полесно се држи и користи.

„Екранот на „iPhone X“ е компактна форма. Екранот лесно се забележува, нуди големо задоволство, поголем напредок во однос на „iPhone 7“ за да гледам натпревари, филмови или да прелистувам на „Instagram““, вели Стивен Леви, новинар на „Wired“.

Бен Гилберт од „Бизнис инсајдер“ сепак, не се сложува со овој став.

„Со недостатокот на предно куќиште не само што полесно може да се кликне на нешто што не сакате, туку постојано ќе стравувате дека телефонот ќе ви испадне. Наместо нормално да го држите телефонот во рака, потстојано ќе се оптеретувате“.

Сите се сложуваат дека компаниите сега максимално ги промовираат телефоните без предно куќиште поради напредокот на видео технологијата. Операторите, производителите на телефони и платформите како што се „Google“ и „Apple“ се повеќе вложуваат пари во видео содржини, тоа е ставот на Гади Амита основачот на „New Deal Design“.

„Производителите ќе се тркаат кој попрво ќе заштеди некој милиметар. На крајот, некој ќе пронајде начин предната камера и звучникот да бидат невидливи, а нашите телефони да се претворат во масивни екрани“, заклучува Амита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП