29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до успешна презентација?

Како до успешна презентација?

Еве листа од презентациски слајдови и податоци, што треба да ги имате на големиот ден, кога инвеститорите ќе седнат со вас на иста маса и ќе очекуваат комплетно да им ги претставите вашите можности, идеи и цели кои сакате да ги постигнете.

1. Краток преглед. Вклучете едноставен слајд со кратка серија од поенти кои планирате да ги покриете низ презентацијата

2. Факти за вашиот бизнис. Овој слајд треба да содржи листа од вашите уникатни продажни пропозиции, историја на податоци од приходите, имиња од моменталните големи клиенти или договори што вашата компанија ги поседува.

3. Моментална продажба и можности за развој. Покажете ги продажбите до моментот што ги имате остварено, заедно со потенцијалниот приход за во иднина.

4. Конкурентите и анализата на индустријата. Вклучете генерален преглед од вашите конкуренти, зошто сте подобри од нив, и каков пазарен удел имате и каков пазарен удел имаат вашите конкуренти во целата индустрија.

5. План. Овој дел, треба да ви содржи серија од поенти поврзани со вашата стратегија и акционен план за остварување на вашите цели

6. Искористување на приходите и условите за поврат на инвестиција. Подвлечете како планирате да ги искористите парите добиени од инвеститорот. На пример: маркетинг, плати и тн. Презентирајте ги и финансиските проекции кои би ги прикажале најдобрите и најлошите сценарија.

7. Менаџерски тим. Составете листа од вашите најважни членови на менаџерскиот тим, и во две до три подточки презентирајте ја нивната релевантна експертиза.

8. Големата слика. Ова е серија од подточки и поенти кои би ја прикажале вашата долгорочна визија, нови пазарни сегменти, каде вашиот бизнис може да ги диверзифицира приходите во иднината, како и други поенти кои ќе дадат објаснување, како вашата компанија би била привлечна за инвеститори, како во моментот така и на долг рок.

Сите од овие слајдови треба да бидат, кратки јасни, и поткрепени со истражување, податоци и бројки, како и со дефанзивни претпоставки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП