20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПијано-рецитал на Арда Мустафоглу во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Пијано-рецитал на Арда Мустафоглу во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

На 23 декември, сабота, со почеток во 19:30 часот во концертната сала на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје пијанистот Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички рецитал.

На програмата ќе бидат дела од Д. Скарлати, С. Рахмањинов, С. Прокофјев и др.

Петнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти. Оваа година тој освои бројни награди на меѓународни пијано-натпревари во Србија, Италија, Бугарија, Турција и Белгија, имаше настапи на концерти во Италија и Германија, солистички концерт во Штип и концерт со Македонската филхармонија.

Рециталот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за проекти од национален интерес за 2017 година. Влезот за посетителите е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП