20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознат е ентериерот на новата G-Class (фото)

Познат е ентериерот на новата G-Class (фото)

Германскиот премиум бренд „Mercedes-Benz“ официјално го обелодени ентериерот на новата генерација на „G-Class“. Премиерата на култниот модел ќе се одржи на саемот во Детроит во јануари следната година.

Како што може да се види од фотографиите, новата „Mercedes-Benz G-Class“ (модел година 2019-та) ќе добие сосема нов ентериер. Возилото сега изгледа многу помодерно и луксузно отколку што било досега. Постои нов управувач, како и многу кожни и дрвени елементи. Исто така се користат карбон и други метали.

Теренец добил исто така седишта со систем за загревање, современа аудио систем со 7 звучници и голем број места за чување на разни предмети за време на патувањето. Меѓу нив е и специјален осветлен дел кој се наоѓа под потпирачот за раце на возачот.

Стандардната верзија на новиот „Mercedes-Benz G-Class“ ќе биде опремена со аналогни сензори, но како опција ќе се нуди 12,3-инчен дигитален инструмент-панел. Доколку клиентот не ја избере оваа опција, дигиталната комбинација на инструментите ќе биде обединета со 12,3-инчниот дисплеј на мултимедијалниот систем.

Од компанијата откриваат дека теренецот ќе се нуди со акустичен систем „Burmester“ со 16 колони, како и со пакет „Active Multicontour Seat“ кој ги вклучува предни седишта, кои освен со функција за загревање, ќе располагаат со вентилација и систем за масажа.

Ќе има неколку различни дизајни на „Designo“ кои вклучуваат специјална кожа „Lugano“ во бои „Black“, „Nut Brown“ и „Macchiato Beige“. Тие можат да бидат надополнети со пакетот „Exclusive Interior Plus“ со „Nappa“ кожа на вратите, централната конзола и инструмент таблата.

И покрај користењето на новите технологии, внатрешноста на „G-Class“ ќе задржи некои од класичните елементи што ги има досега. Нема да има промена во рачките на вратите, како и хромирана брава на диференцијалната брава. Кружните отвори на системот за вентилација, кои ги имитираат предните фарови на „SUV“ моделот, исто така се зачувани.

Новата генерација на „Mercedes-Benz G-Class“ ќе биде поголема од претходникот и тоа ќе влијае и на возачот и на патниците. Компанијата забележува дека просторот за нозете на задните патници е зголемен за 150 mm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП