19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе чека скок на каматите, доларот зајакнува

Се чека скок на каматите, доларот зајакнува

Доларот се тргуваше во тесен распон по силниот раст ден пред да започне дводневниот состанок на американскиот ФЕД, на кој се очекува зголемување на каматните стапки.

Инвеститорите ќе бидат насочени на проценката на ФЕД поврзана за вкупната состојба на американската економија, бидејќи тоа ќе влијае на позиционирањето на пазарите по прашање на идните трошоци за финансирање.

Пазарот на обврзници очекува две нови зголемувања на каматните стапки следната година иако претставниците на ФЕД предвидуваат три зголемувања во 2018 година.

Доларскиот индекс се задржа на ниво од 93,8 поени по минатонеделниот раст од повеќе од еден процент, што беше најголемиот неделен скок од октомври. Индексот од почетокот на годината е во пад од околу девет проценти.

Британската фунта зајакна на 1,338 долари, а еврото се тргуваше на 1,175 долари, одалечувајќи се од максимумот од 1,1811 долари кој беше забележан во понеделникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП