23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрпад Штербик е најдобар светски ракометар за 2017 година

Арпад Штербик е најдобар светски ракометар за 2017 година

Арпад Штербик со 89 бодови беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“.

Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.

Голманот на Вардар имаше одлична сезона со Вардар и беше најзаслужен за историската прва титула во Лигата на шампионите.

Ова се и останатите 8 најдобри ракометари во светот: Уве Генсхајмер 82 бода (ПСЖ), Микел Хансен 71 (ПСЖ), Никола Карабатиќ 73 (ПСЖ), Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол 44 (Скјерн). Најмногу гласови во изборот за најдобар одбранбен ракометар доби Лука Карабатиќ (40 бода) од ПСЖ. Втор во оваа категорија е Илија Абутовиќ од Вардар со 33 бода. На вторите места во категориите лево крило и плејмејкер се најдоа Тимур Дибиров (41 бод), односно Лука Циндруиќ (62 бода).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП