16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по претежно суви коловози, наместа појава на магла

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, наместа појава на магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла има на патните правци Катланово-Велес, Удово-Гевгелија, М.Каменица-Делчево-Берово и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП