19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес претежно облачно, температурата до 14 степени

Времето денес претежно облачно, температурата до 14 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне по одделни котлини магливо. Во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има слаба магла, а преку денот ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени, информира АМСМ.

Под влијание на јужно струење во наредните два дена ќе биде сончево со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат релативно високи. Претпладне во некои од котлините ќе има слаба магла. Потоа за време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП