29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG во Тајван го претстави Optimus GJ

LG во Тајван го претстави Optimus GJ

lg-optimus-gj-1

Компанијата LG го претстави својот нов паметен телефон „Optimus GJ“ кој всушност е ажурирана верзија на моделот „Optimus G“, но е отпорен на вода и прашина.

„Optimus GJ“ го одликува 4.7-инчен екран со 720p како и платформата „Android 4.1.2 Jelly Bean“. Покрај тоа овој паметен телефон е базиран на чипсетот „Snapdragon S4 Pro“ со „quad-core“ процесор од 1.5 GHz, а од останатите карактеристики ги издвојуваме 2 GB RAM меморија, 16 GB интерна меморија, камера од 13 мегапиксели како и батерија од 2280mAh.

lg-optimus-gj-2

„LG Optimus GJ“ моментално е достапен само во Тајван и цената за тој пазар изнесува 600 долари. Засега нема информации кога овој уред ќе се најде на останатите пазари ширум светот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП