20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ за домашните и за странските инвеститори исти услови за инвестирање

И за домашните и за странските инвеститори исти услови за инвестирање

Владата на вчерашната седница усвои информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и на странските инвеститори и ќе важи еднакво за сите инвеститори во ТИРЗ и надвор од нив.

„Станува збор за информација што се усвои за потребата од донесување мерки на индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија, во рамките на планот за економски раст“, соопшти Владата.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, истакна дека станува збор за активности во рамките на планот за економски раст, на кој Владата неколку месеци работеше во консултација и со дебата со сите економски фактори во општеството.

Владата исто така го задолжи Кабинетот на Анѓушев да формира работна група за подготовка на закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП