20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов – Темер: Поттик за стопанската соработка меѓу Македонија и Бразил

Иванов – Темер: Поттик за стопанската соработка меѓу Македонија и Бразил

Постигнавме визна либерализација за нашите граѓани, ја поттикнавме стопанската соработка и веќе до институциите на Бразил е поднесена правната рамка за регулирање на нашите билатерални односи, изјави претседателот Ѓорге Иванов по средбата со претседателот на Бразил, Мишел Темер.

Македонскиот претседател истакна дека ова е историска посета чиј повод е отворањето на првата Амбасада на Република Македонија во Латинска Америка.

Иванов средбата со бразилскиот претседател ја оцени како содржајна и конструктивна, што отвора можности за продлабочување на идната соработка меѓу двете земји, особено на економски план.

„Разговаравме за досегашната соработка што ја имаат нашите компании и поединци во Бразил и можностите што ги нуди Македонија за да можат бразилските компании да бидат присутни во нашиот регион“, изјави Иванов.

Македонскиот претседател потенцира дека Македонија и Бразил имаат одлична мултилатерална соработка.

„Македонија секогаш ги поддржува кандидатурите на Бразил и исто така е во групата што ги поддржува иницијативите на Бразил за реформи на Советот за безбедност на ОН“, изјави шефот на државата.

Бразил, додаде македонскиот претседател, е една од најбрзорастечките економии во светот, членка на Г20 и членка на БРИКС, и отвора огромни можности за културна, научна и соработка во сите други области.

Во обраќањето на заедничкиот ручек со бразилскиот претседател, претседателот Иванов изрази надеж дека и Бразил ќе отвори своја амбасада во нашата држава додавајќи дека Македонија високо го цени признавањето на нашето уставно име од страна на Бразил.

Иванов додаде дека во план е и склучувања повеќе билатерални договори со кои ќе се дополни правната рамка за соработка во повеќе области – трговијата, земјоделството, образованието, науката, медицината, инженерството и технологиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП