20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМОБ ја доби престижната награда „Златна оревокршачка“

МОБ ја доби престижната награда „Златна оревокршачка“

Балетот на Македонската опера и балет на меѓународниот фестивал за танц ја доби престижната награда „Златна оревокршачка“ во категоријата за извонредност на театри во светот, што се одржа вчера во театарот „Квирино“ во Рим.

Наградата во име на Македонската опера и балет ѝ беше врачена на Олга Панго, уметнички раководител на Балетот, а ѝ ја додели балетската легенда Карла Фрачи (Италија).

На гала-вечерта настапија балетските првенци на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП